Што ќе ви се случи доколку поминете 2 часа во тишина?

Во нашиот брз живот, деновите и годините поминуваат, а ние не обрнуваме внимание на фактот колку е загаден нашиот мозок, поради се што се случува околу нас.

Тука е и звукот кој претерано го стимулира нашиот мозок, предизвикува стрес, нерасположеност, депресија и анксиозност помеѓу другото. Програмирани сме да слушаме звуци од секојдневието без да ги забележуваме. Ние воопшто не сфаќаме што оваа прекумерна стимулација му прави на нашиот мозок.

Научните истражувања покажуваат дека звуците предизвикуваат повеќе штета отколку што сфаќаме, пишува списанието The minds journal. Дали штетата може да се поправи? Да. Научните студии покажуваат дека тишината има моќ да ги поправа работите, а ова е начинот на кој тоа се прави:

1. Тишината не смирува

Доколку сами на себе би можеле да си приуштиме еден или два часа тишина секој ден, би направиле нешто доста здраво за нашиот ум и тело. Во тишина, нашиот мозок почнува да се прилагодува на помирна состојба и тогаш се чувствуваме опуштено и мирно.

Ние го регулираме дишењето со успорување на нашиот мозок, наместо да се фокусираме на стресните настани. Може дури да се чувствуваме поспано. Замислете дека не мора да гледате ТВ или да немате мобилен телефон. Дајте си на себе малку време далеку од технологијата, во контакт со самите себе. Тоа ви го дава тишината.

2. Тишината ги поправа нашите мозочни клетки

Докажан е фактот дека тишината може да ги корегира нашите мозочни клетки. Доколку поминеме 2 часа во тишина, нашиот мозок отпочнува процес на поправање. Така ке ни се подобри меморијата, ќе бидеме одморени и нашата толеранција на стрес ќе се подобри.

Силен мозок значи силно тело. Се започнува од тие мали сиви клетки. Тие реагираат на она на што ние ќе ги изложиме.

3. Тишината долгорочно ни дава повеќе задоволства

Современиот начин на живот не прави зависни од технологијата, и не е лесно тоа да се избегне. Размислете каков би бил вашиот живот без ТВ. Со намалување на слични работи, ќе пронајдете подобри начини на кои можете да го поминете времето. Задоволството доаѓа кога ќе ги отфрлите лошите навики и ги замените со подобри. Загарантирано таквиот начин на живот ќе ви се допадне повеќе.

4. Тишината го подобрува нашето внимание

Додека седиме мирно, му го даваме на нашиот мозок она што му е потребно, а тоа е фокусот. Фокусот не значи размислување на нешто конкретно, и не е вид на фокус кој се трудиме да го постигнеме за време на медитација. Тоа е фокус, каде на вашиот ум му е дозволено да скита од мисла до мисла.

Во пракса се забележува, намерно или ненамерно, дека вашето темпо се забавува, а тоа добро се одразува на вашиот мозок. Ја подобрува концентрацијата, способноста за учење и помнењето.

5. Тишината го забавува нашето брзо темпо

Во нашиот живот често сме презафатени со работа, семејни проблеми, проблеми кои ни ги предизвикуваат другите и слично. Живееме во брзање, а животот ни поминува. Треба за забавиме и да го вкусиме секој сегашен момент. Тишината ни помага во тоа. Таа не опушта и го смирува нашето тело. Стануваме свесни за сегашниот момент, и не учи да ја цениме сегашноста.