Култура
26. December 2016 - 14:56

Што ќе се случува последна недела пред Новата година во Скопје?

Понеделник 26.12.2016

Кино Култура

19.00/Контра Кадар СК37 – Trainspotting (1996)

Овој пат на програмата е култниот и неповторлив Trainspotting.
Еден од оние филмови што будат бројни емоции и нè тера да се запрашаме за важноста на изборите што ги правиме во животот.

Trainspotting ни ги прикажува рамно спакуваните, лесно достапни идеали на младите бунтовници.
Оваа тотално нонкомформистичка порака беше лакомо проголтана од мејнстрим популацијата во тогашното време.

Тема за дискусија: „Најлошото веце во Шкотска”

Bлезот е, се разбира, бесплатен.

Кантина

21.00/Музичка Програма 26-31 декември  

26 Понеделник – DJ Baze Antenna 5 (Retro) 21:00-00:00ч
27 Вторник – In The Mood (Live Blues) 21:00-00:00ч
28 Среда – DJ HyperTech (Funk) 21:00-00:00ч
29 Четврток – DJ Drazi Drags (Funk, Hip-Hop) 21:00-00:00ч
30 Петок – Two Cool Cats (Jazz,Rock&Roll) 18:00-01:00ч

31 Сабота (дневна) – Duev & Zarkoteach (Latino House)

Public Room

21.00/ Fierce

На 26-ти Декември Fierce ќе ги претстават новите композиции од вториот албум.
Концертот е поддржан од Министерство за Култура на Македонија.
Специјален гостин: Кирил Кузманов
Влезот е слободен.

Вторник 27.12.2016

Че Кафе Бар

21.00/Хуманитарно џемање – за Макотекс!

Дечки, овој последен вторник од 2016та, џемањето е посветено на бендовите што ја загубија опремата во пожарот во Макотекс!
Мал придонес за огромна материјална штета.

Добредојдени се сите што сакаат да посвират, попеат и сите кои можат да донираат по нешто.

Воедно, ќе има и мини базар од наши автори и парите се донираат на музичарите:
MightyJewelry
Just Because. Simovska Design
Преплет
Sanya Danchevska
Ivan Tatarchev Durgutovski
Dreadpen
Vanja Shtrkova

Среда 28.12.2016

Драмски театар

19.00/КАПЕТАНОТ ЏОН ПИПЛФОКС – Гусарска бајка со пеење и мечување
играат: Игор Ангелов, Таци Илиева – Вељиќ, Јана Стојановска, Александар Степанулески, Симон Манасковски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Душица Стојановска, Златко Митрески, Дритон Вејсели, Ѓорги Тодоровски, Анастас Тановски, Зоран Љутков, Игор Георгиев, Диме Илиев, Александра Павлова, Валдета Исмаили, Билјана Јовановска
автор: Душан Радовиќ
режија: Коле Ангеловски

Четврток 29.12.2016

Драмски театар

19.00/СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА
играат: Александра Павлова, Таци Илиева – Вељиќ, Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Игор Георгиев, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексоски, Дарко Карбески, Марко Илиќ
автор: Александра Бошковска
режија: Димче Николовски

Public Room

21.30/ Четврток во Јавна Соба

Шизичко предновогодишно дружење со внимателно селектирана музика од една млада дама ~

Резервирајте на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/chetvrtok-vo-javna-soba-5oEyU

Петок 30.12.2016

Public Room

16.00/Lucky Friday

Квалитетно вино, вкусно мезе, опуштено дружење, интимни муабети, боса нова звуци ~

Вашата омилена сорта вино од Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%.

Concept 37

21.00/Еве, по дома

Дечки, ние конечно се преселивме во нов стан на Рузвелтова 37! Тука живееме веќе недела дена и по тој повод, ве каниме на домашна забава каде што ќе имате можност да видите фотографии од тоа како си четкаме заби во реновираното WC. Може да влегувате каде сакате, а и редно е да ја затвориме 2016 со нешто убаво.

Со почит, Лилика & Иван

ДЏ сет: Ilina Angel

Public Room

22.00/Showroom: M Jazz Session 

Слушнете како M Jazz Sessions ги заживува евергрините на македонската џез/поп ера, од 50тите години до денес!

Шоу со незаборавни македонски мелодии интерпретирани од Ангела Силјановска- вокал, Филип Димишковски- клавијатура, Марко Василевски- контрабас, Виктор Филиповски- тапани.

Резервирајте уживање ~
02 609 2650, contact@publicroom.org и преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-m-jazz-session-J3Kvp

Сабота 31.12.2016

Concept 37

12.00/Новогодишна забав

Бидете дел од последната забава за оваа година и заедно во добро друштво да прославиме уште една обиколка околу сонцето.

Музички дел:
// Аритон (DJ set)
// South Park the band (настап)

Public Room

14.00/Showroom: OffBeatz

Последниот ден од годината се затвора со уште еден концерт од програмата на Showroom!

Funk, disco, soul мелодии отсвирени од OffBeatz:
Јана Бурческа- вокал, Александар Филиповски- гитара, Димитар Ганчевски- клавијатура, Марко Василевски- бас, Дамјан Даневски- тапани.

Баду Бар 

14.00/ New year celebration  

Со задоволство ја испраќаме изминатата и со нетрпение ја чекаме таа што доаѓа.
Последната журка за 2016та – Strajk & Drazi Drags

МНТ

21.00/ Ноќ со ѕвездите

Оригинален дочек на новогодишната ноќ

„Ноќ со ѕвездите“ Сашко Коцев, Игор Џамбазов, Гуру Харе Бенд

Stand Up!
Хумор!
Забава!
Журка!
Дружење!
Блуз!
Новогодишен коктел!
Биди поразличен и дочекај ја новогодишната ноќ во МНТ, следуваат безброј изненадувања…

Цени на билетите:
Партер и галерии – 1800 денари
Балкони до сцената и централна ложа – 2500 денари

За подетални информации јавете се на билетарницата на МНТ
тел. 02 3230 304

МКЦ Клуб & Ресторан

22.00/Plan G for 2017

Дочек на новата 2017-та… весело со PLAN G !
Специјални гости: Toni Krle Krsteski – Day Off NG + Pass-N-G-R
Клубски дел – 1200, ресторански дел 1800 ден.
За уплати до 25.12.2016, клубски дел 1000, ресторански 1500 ден.
Резервации со уплата во ресторанот.
Бројот на карти е ограничен.

Клуб Маракана

23.00/Нова година

Драги пријатели, нова година во Мараканa! За забавата овој пат ќе се погрижат The Ringtones! Старт во 23:00 часот.

Цената на картите изнесува 600 денари со вклучени 4 консумации.
Информации и резервации на телефон: 075 274 032

The Ringtones се:
Дина Јовановска – вокал
Симон Пеоски – гитара
Дарко Фотиновски – бас
Кристијан Лафазановски – тапани