Што ќе се случи ако секој ден место шеќер ставате сода бикарбона во кафето?

Сигурно никогаш не ви паднало на ум да ставите сода бикарбона во кафето, но ако го пробате ваквиот пијалок, никогаш повеќе нема да престанете да го пиете.

Многу луѓе не можат да си го замислат почетокот на денот без голема шолја кафе. Иако кафето им е неопходно за да се разбудат и да почнат да функционираат, истовремено тоа може да им создаде сериозни маки со желудочната киселина. Меѓутоа, содата бикарбона решава сè.

Доколку кафето ви создава или ви го засилува гастритисот, потребно е само да ставите половина лажичка сода бикарбона во него и ќе се случи чудо.

Без разлика на тоа колку и да ви звучи чудно, содата бикарбона нема да му го промени вкусот на кафето, а желудникот ќе ви биде благодарен.

Познато е дека во телото мора да постои баланс помеѓу киселоста и алкалноста, а сите кисели намирници, на пример месото или кафето, создаваат премногу киселини во организмот ако се земаат во поголеми количини.

Некои видови на кафе се покисели од други, но концентрацијата на киселината не е лесно да се одреди однапред. Луѓето кои имаат чувствителен желудник би требало да избегнуваат кафе со млеко, бидејќи и млечните производи ја зголемуваат киселината. За да ја неутрализирате за организмот и желудникот да не бидат преоптоварени, потребно е да употребите некоја база.

Содата бикарбона е природна супстанца која помага во зачувувањето на балансот во организмот.

Доволно е во кафето да ставите само половина лажичка од овој бел прав и ќе се ослободите од гастритисот, а и понатаму ќе можете да се будите со помош на омилениот пијалок.