Што ќе се случи ако секое утро пиете вода на празен стомак?

Еден ден, уморна од тоа што постојано се чувствував уморно, се запрашав себеси: „Што прават јапонските жени што секогаш имаат толку прекрасна кожа и преубава фигура?“ Откако направив едно мало истражување, го открив овој јапонски ритуал на пиење вода на празен стомак веднаш по будење.

Според одредени истражувања, оваа едноставна навика дава позитивни резултати за здравјето на човекот. Јас го испробав ова и топло ви го препорачувам и вам.

Еве што ќе се случи ако и вие се решите да го пробате овој метод:

Ќе се чувствувате посвежо и здраво

Неколку дена откако ќе почнете да пиете вода наутро, ќе се чувствувате полесно и ќе почувствувате како вашето тело полесно се ослободува од отровите.

Ќе ви се подобри метаболизмот

Веќе нема да чувствувате глад кој ќе ве мачи на секој час. Потребата за грицки помеѓу оброците ќе ви се намали и ќе имате повеќе енергија.

Ќе ви помогне да губите килограми

Освен тоа што нема да бидете толку гладни, храната побрзо ќе се вари во вашиот организам и ќе имате повеќе енергија за вежбање.

Нема да имате киселини во желудникот

Јас порано имав проблем со варење на храната и киселини во желудникот, но откако почнав да ја применувам оваа техника, проблемот исчезна и повеќе немам тешкотии по секој оброк.

Кожата ќе ви стане поздрава

Порано луѓето велеа дека личам многу постаро, откако почнав да пијам вода наутро, брчките на моето лице се намалија и мојата кожа изгледа поздраво и посјајно!

Косата ќе ви биде поубава

Мојата коса беше толку оштетена што морав два пати месечно да одам на шишање. Оваа техника не само што ја направи мојата коса поубава, туку и влакното на косата стана поздраво и посилно!

Ќе ве заштити од инфекции на уринарниот тракт

Пиењето вода ќе го реши овој проблем подобро од кој било антибиотик.

Ќе го подобри вашиот имунитет

Овој едноставен ритуал навистина ќе го подобри вашиот имунитет. Нешто толку едноставно како пиење вода ќе ви помогне полесно да се справите и со грипови и настинки.

Како да имате највеќе поволности од овој ритуал?

Следете го овој метод за да имате енергија во текот на целиот ден:

  • Напијте се 4 чаши вода веднаш штом станете од спиење, пред да си ги измиете забите и на празен стомак. Ако ви е тешко да почнете со 4 чаши, почнете со една и полека зголемувајте ја количината.
  • Не јадете ништо во наредните 45 минути.
  • По 45 минути јадете и пиете како и обично.
  • Не јадете и пиете ништо два часа по доручекот, ручекот и вечерата.