Што ќе му се случи на вашето тело ако јадете две банани дневно?

Здравата храна не е секогаш највкусна. Но, кога станува збор за бананите ова не е случај. Затоа големо е задоволството да дознаеме дека тие не само што се вкусни, но носат и многу поволности за нашето здравје.

Денес за вас ги собравме сите докази кои покажуваат дека јадењето две банани дневно сериозно може да го подобри вашето здравје.

Крвниот притисок ќе ви се нормализира

Бананите го намалуваат високиот крвен притисок благодарејќи на фактот дека тие содржат околу 420 милиграми калиум.

Ќе го спречат накачувањето килограми

Бананите се богати со влакна, а тоа прави да се чувствувате сити откако ќе ги изедете. Бананите исто така го намалуваат вашиот апетит и спречуваат накачување килограми и ја зголемува чувствителноста на телото на инсулин. Ако клетките на вашето тело не се чувствителни на инсулин, тие не можат да ја апсорбираат глукозата и вашиот панкреас ќе произведува поголми количини. Дали телото акумулира масти зависи од тоа колку е присутен инсулинот.

Се намалува ризикот од анемија

Анемијата предивикува бледило, умор и чувство дека немате воздух. Тоа е поради намалувањето на црвените крвни клетки и ниското ниво на хемоглобин во крвта. Бананите содржат многу железо, а тоа го стимулира производството на црвени крвни клетки. Бананите исто така содржат витамин Б6, кој го регулира нивото на крвна глукоза, а тоа им помага на луѓето со анемија.

Се подобрува варењето на храната

Бананите лесно се варат во стомакот и не го иритираат желудникот. Бананите можат да се јадат кога човек има гастритис или киселини во желудник и тие ги враќаат минералите кои човек кој страда од дијареа ги губи.

Се намалува нивото на стрес

Бананите го подобруваат вашето расположение. Тие содржат триптофан, а тоа е потребно за нашето тело да добие серотонин (хормонот на среќата). Просечно, една банана содржи околу 27 милиграми магнезиум. Овој минерал е задолжен за поттикнување на добро расположение и здрав сон.

Ќе го надополните недостатокот на витамини

Бананите се богати со витаминот Б6. Во просек, една банана содржи околу 20% од препорачаното количество витамин Б6. Ова му помага на телото да произведува инсулин, хемоглобин и аминокиселини кои се потребни за производство на здрави клетки. Иако мислиме дека портокалите и јагодите содржат најмногу витамин Ц, бананите содржат околу 15% од потребната дневна доза од овој витамин.

Ќе имате повеќе енергија

Калиумот кој се содржи во бананите ги штити вашите мускули од грчеви, додека јаглехидратите ви даваат доволно енергија за да го издржите вежбањето.