Што кажува психолoгијата за луѓето кои се сликаат додека вежбаат?

Сите имаме барем еден пријател кој секојдневно на Фејсбук објавува слики од теретана или од некој друг тип на вежбање.  А можеби тоа сте и вие.

Објавите од типот: „Само што истрчав 10 километри“ можат да бидат инспиративни, а можат да бидат и иритантни, во зависност од тоа колку мразите ваков тип на спортски ентузијазам.

Истражувачите од еден лондонски универзитет направиле истражување за тоа зошто луѓето толку сакаат на социјалните мрежи да ја споделуваат секоја вежба која ќе ја направат. Резултатите се поприлично поразувачки.

Зависност од внимание и почитување

Луѓето кои се склони кон документирање на нивните спортски активности всушност се нарцисоидни личности. Според истражувањето, нивната примерна цел е да се фалат со тоа колку вложуваат во својот изглед. Дополнително, се покажало дека овие објави на Фејсбук добиваат највеќе лајкови.

„Нарцисоидните личности постојано ќе известуваат за своите постигнувања, а тоа е мотивирано од нивната потреба за вниманието и почитувањето од Фејсбук заедницата.“ – се заклучува во истражувањето.

Од друга страна, доктор Тара Маршал тврди: „Иако се чини дека самофалењето на овие луѓе се исплати со оглед на коментарите и лајковите кои ги добиваат, често се случува позади оваа лажна поддршка да стои тајно недопаѓање кон таквите егоистични покажувања.“