Што има во град викендов?

Петок 22.03.2019

[20.00] „Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ// ВИП Арената

Во ВИП Арената во Скопје вечер ќе биде изведен проектот – виолински концерт „Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“.

[20.00] Неделна програма// Винил

- пет. 22.03 Mirko Popov
- саб 23.03 Само Hip Hop Хитови со DS Каљо Масниот

[23.50 ]Ulterior x Alex Acid// Сектор 909

FRI -22MAR2019
Ulterior x Alex Acid

Сабота 23.03.2019

[20.30] Влатко Лозаноски- Лозано// ВИП Арена- Скопје

После повеќе од десет години на сцената, навистина дојде време за сигурно еден од најквалитетните вокали на Балканот во моментов, Влатко Лозаноски да има свој голем концерт во Скопје.

Момчето кое има безброј хитови, три студиски албуми и награди на над 20 фестивали во Македонија и во регионот, ќе се претстави пред македонската публика на 23-ти март во ВИП Арената, со почеток од 20:30 часот.

[21.30] Владо владее // ЧЕ

Владо и неговата манџа со многу мирудии ќе не мрдка викендов! Различни жанрови, и понови и постари, сосе запршка сосе се!

[16.00 ]Gaming Weekend - DotA 2 Турнир// MКЦ

Право на учество во натпреварувањето имаат учесниците кои навршиле 7 години старост. Ова се потврдува со приложување на увид на оригинал важечки документ за идентификација (пасош, здравствена легитимација или ученичка книшка со фотографија) при верификација на учеството на главниот турнир.

Турнирот се игра во екипи во петорица со една замена (optional), стандарден формат од 5 на 5. Играчите се задолжени да понесат свој маус, тастаура, слушалки и сопствен акаунт на Steam.

Бројот на пријавени тимови е ограничен на 16. Во моментот кога бројот на тимови ќе достигне капацитетот (16) сите други тимови кои ќе бидат пријавени ќе бидат ставени на листа за чекање доколку некој од веќе пријавените тимови откаже или е дискфалификуван.

Се игра според следните правила :
Draft - Captains Mode
Се фрла паричка пред играта, тимот кој што ќе победи одбира страна или прв pick.
Од моментот на позиционирање и сетапирање тимовите имаат 5 минути да се конектираат во даденото lobby во спортивно ќе бидат казнети со намалено време на draft.

Форматот на играње ќе биде во групи од по 4 тима. Сите партии ќе бидат bo2 и првите два тима продолжуваат понатака. Во случај на tie-breaker ќе се игра bo1 помеѓу двата тима. Во playoff ќе се игра bo1, и финалето ќе биде bo3.

Group stage Март 22 од 16:00 до 00:00
- 16:00 до 18:00
- 18:00 до 20:00
- 20:00 до 22:00
- 22:00 до 00:00

Group stage Март 23 од 10:00 до 00:00
- 10:00 до 12:00
- 12:00 до 14:00
- 14:00 до 16:00
- 16:00 до 18:00
- 18:00 до 20:00
- 20:00 до 22:00
- 22:00 до 00:00

Playoffs + finals Март 24 од 10:00 до 00:00
- 10:00 до 12:00
- 12:00 до 14:00
- 14:00 до 16:00
- 16:00 до 18:00
- 18:00 до 20:00
- 20:00 до 22:00
- 22:00 до 00:00

Цената за учество е 500 денари од екипа! Плаќањето се врши во М3DS најдоцна до 21.03 (Четврток 16:00 часот). Доколку не уплатите на време ќе бидете дисквалификувани.

Пријавувањето се врши на доле наведениот линк
https://goo.gl/forms/1NbpZvvmBG3dM4lH3

НАГРАДИ!
Прво место - 18.000 денари
Второ место - 10.000 денари
Трето место - 5.000 денари

Продолжува на наредната страна.........

[12.00 ] Rooftop Day Party Chvare,Goce SAF&OkyDoky// Кафе Бар Читална

Rooftop Day Party
#Chvare,#GoceSAF& #DjOkyDoky
Start 12:00
Weather conditions: Sunny 21°C
PowerBy:UrbanClub&Badel

[12.00] Трема кај детето - функционално насочување на тремата// SLOP Pensatori

РОДИТЕЛИ, ВОСПИТУВАЧИ, НАСТАВНИЦИ
и сите кои работат со деца…Да им помогнеме на дацата да ја искористат тремата на вистински - функционален начин и да не заборавиме, СЕ ПОАЃА ОД НАС.
Тремата е доживување кое не може да се избегне, бидејќи е вообичаена реакција на притисок, стрес и неизвесност од одредена ситуација. Тремата е еден вид на страв и е тесно поврзана за одреден настан. На пр: јавен настап, тест, испрашување...

Имате можност и шанса на овој четири часовен СЕМИНАР со РАБОТИЛНИЦИ со алатките на Points of You® и Faces, да придонесете за својот личен развој и развојот на децата.Учесниците се стекнуваат со знаења, вештини, лични искуства учесниците и сертификат за учество.

Едукатор и фасилитатор: Ирена Христовска

Пријавување, инфо за котизација и подетални информации на
тел.бр.070/388 404-Ирена
или на e-mail: irenad.hristov@yahoo.com
slop_pensatori@yahoo.com

Недела 24.03.2019

[11.00 ]Хуманитарна Трка за деца со Даунов Синдром// Градски парк

По повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром,на 24 Март 2019 год,во 11 часот во градски парк на школка ,ќе се оржи трета по ред хуманитарна трка за деца со Даунов Синдром.

Сите средства собрани од котизација,ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун. Ве очекуваме на школка. Вие бидете хумани, а ние ви ветуваме настан исполнет со многу љубов и среќа. Ви благодариме однапред.
Пријавувањето е на следниот линк https://www.smartrace.club/.