Што им е потребно на интровертите?

На интровертите им е потребен дел од вашето време. Ним не им е потребно многу, само вашето срце. Само близината со вас. Тие сакаат да слушнат за вашите мисли, цели и соништа. Донесете им го светот кој се крие во вас, дозволете им да го видат.

Интровертите сакаат разбирање. Тие сакаат да бидат разбрани и прифатени онакви какви што се – колку многу размислуваат, каков хаос некогаш имаат во својата глава, колку тивки се.

Ако тие засакаат некого, вистински го сакаат. Кај нив, нема половина љубов. Но, им е потребен простор понекогаш да бидат сами. Така ја црпат својата сила, таму наоѓаат енергија. Но, највеќе од се, сакаат да бидат ценети малите нешта кои тие ги прават. Тие сакаат да ги видат другите луѓе среќни и ќе направат се за оние кои им значат, но до срж ги боли кога некој не го забележува тоа.

А, кога ќе ви дадат дел од себе – тие прават голем чекор. Тие даваат огромен дел од себе. Тие се доближуваат до вас и не сакаат да бидат повредени и изизграни. Нивното срце е нежно и кревко, но нивната љубов и почит огромна.

Тие се трудат за луѓето околу нив. Се трудат и да бидат разбрани. Но, не можете секогаш да ги разберете.