Што и да е, ќе помине

 

Секоја болка, секој тежок момент, секој мачен период, сè ќе помине. Не дозволувајте лошите мисли и чувства да го замаглат вашиот разум и да направат да мислите дека никогаш нема да излезете од тоа.

Кога постојано се мачите и плачите, кога мислите дека нема излез или дека веќе не можете да поднесете уште една пукнатина, знајте дека што и да е, ќе помине.

Не се оптоварувајте со разочарувањето кое ве преплавило -  раскинување, лоша врска, лош ден на работа, отказ... Што и да се случува во овој момент, нема да биде важно по 1 месец или година.

Кога не можете да сфатите зошто нешто се случува, зошто деновите се лоши, а луѓето негативни, сфатете дека некогаш мора така. Животот не е само сончеви денови и виножито. Што и да е, ќе помине.

Кога ви изгледа дека сте сами на светот, а целиот свет е против вас, кога мислите дека немате никој. Не очајувајте. Само сетете се што и да е, ќе помине.

Постојано потсетувајте се дека животот е таков, промените доаѓаат брзо, од добро на лошо, од лошо на добро. Не може сè да биде лесно како што очекуваме. Живи сме, живееме живот, дишеме.

Доаѓаат добри и лоши мигови. Што и да е, ќе помине.