Што ги очекува Водолиите во животот?

Со овој машки воздушен знак вледаат Сатурн и Уран, но покрај нив значајно е и влијанието на Меркур и Венера.

Кај Водолиите е многу изразена хуманоста и желбата за општествена работа. Тие би дале се  за своите пријатели, особено за оние кои ги сакаат. Во таквата слепа предаденост кон другите луѓе често доживуваат разочарувања, но тие од тоа не стануваат попаметни. Покрај тоа, тие се полни со компромис и разбирање за другите.

Можете да ги видите на многу места бидејќи имаат потреба од дружење со луѓето. Нивната пријатност и духовитост и желба за забава им е добро позната на сите околу нив. За нив парите не претставуваат ништо важно, туку само средство со кое можат повеќе да уживаат. Тоа често придонесува да останат без пари, но тие повторно ќе заработат.

Во својата младост, Водолиите се истакнуваат со креативни и иновативни идеи. Тие имаат немирен дух и многу често се неспокојни. Сакаат со своите идеи да го променат светот и имаат многу елан и енергија за тоа. Тие не можат да го замислат својот живот ако не се борат против нешто, ако нешто не создаваат. Меѓутоа, карактеристично за родените во овој знак е дека тие не сакаат да работат само за себе, тие сакаат се што имаат да споделат со своите пријатели и околината. За нив најголема казна е да бидат сами.

Во текот на својот живот, Водолиите често се борат за докажување на своите вредности. Тие сакаат слава и пофалби, но мразат лицемерие и непочит. Човек лесно може да ги убеди во неговите ставови, а тие потоа ги прифаќаат и се борат за нив како да се свои. Токму поради тоа во нивниот живот, другите имаат повеќе корист од нивната работа, отколку тие самите.

Водолиите сакаат да бидат пред своето време, не затоа што се снобови, туку заради тоа што мислат дека на денешните луѓе им недостасува фантазија и креативност. Главните одлики на овој знак се големата доверба во луѓето, огромната хуманост, но и многу изразената индивидуалност.

Тие најмногу ќе бидат среќни доколку работат работа во која се поврзани со голем број луѓе. Тактот и енергијата им носат заслужен успех. Среќни се кога помагаат и затоа нивните полиња на делување треба да бидат образованието, социјалната грижа и помошта за старите лица, а можат да бидат и одлични доктори. Но, со текот на годините нивниот природен идеализам се намалува и тие работат за многу мала материјална добивка. Најголемата грешка што може да и биде направена на една Водолија е тоа да биде обесхрабрена во остварувањето на нејзините амбиции. Мало самостојно претпријатие е тоа што ним им е потребно за да успеат во овој свет.

Нивни среќни броеви се 6,7 и 9, а среќни денови петок и сабота.

Тука проверете што ги очекува останатите хороскопски знаци во животот.