Што ги очекува Вагите во животот?

Вагата е машки воздушен знак на кој најмногу делуваат Венера и Сатурн. Родените во овој знак имаат многу врамнотежен карактер, со силна смисла за правда. Тие се сентиментални, нежни и чувствителни, но и многу склони кон брзо заљубување. Можат сè да жртвуваат за љубовта, но брзо го менуваат ставот и бараат нови идеали.

Кај овој знак се забележуваат голем број на различни карактерни особини. Тие даваат хармоничен и смирен карактер, голем оптимизам и силна желба за патувања. Вагите се многу чувствителни, но не сакаат да го покажат тоа. Сакаат да бидат самостојни и не дозволуваат никакво делување на веќе смислениот план. Отворено ги признаваат своите порази и не се плашат од тоа, а знаат да бидат и многу таинствени . Вагите се сензибилни и реални и свесни се за своите и туѓите вредности, и баш поради тоа многу бараат во љубовта.

Немаат одлучност во брзото делување, се плашат да истрчаат напред, и сакаат сите нешта да ги завршат во позадина. Тоа се личности кои често бараат надокнада за пропуштените работи во животот и за тоа не бираат мерка или пак начин. Иако Вагите се многу друштвени, сепак тие имаат мал број пријатели, а тоа е поради тоа што пријателите ги бираат по некој таинствен и суптилен клуч.

Вагите не се многу одговорни личности и секогаш во животот прво ги ставаат своите интереси, пред туѓите. Поради тоа се и жртви на краткотрајни задоволства. Веднаш потоа им станува јасно дека погрешиле, но тврдоглаво ја повторуваат истата грешка. Тие се праведни и непостојани оптимисти.

Во семејството се многу доминатни. Сакаат да бидат консултирани за сите нешта и да даваат свое мислење за секој проблем. Нивните квалитети се љубезност, верност, реалност и внимателност, а маани мрзеливост, неодговорност и апатија.

Често заболуваат од бубрезите.

Целиот живот се борат против својата голема чувствителност. На нив делува секој неуспех и ако долго дозволат да се случува тоа, можат многу да страдаат во животот. Вагите се чувствителни на неправда, критика и невнимание, па дури и мали инциденти можат да направат голем проблем.

Родени се за уметност, трговија или финансии. Во желбата лично да се усовршат, тие прифаќаат подобра прилика. Се случува често да немаат обзири кон луѓето кои им се блиски. Тоа придонесува често да го менуваат своето работно место  и никаде да не постигнат некој голем успех.

Нивни среќни денови се петок и понеделник, а среќни броеви: 5 и 6.

Тука проверете што ги очекува останатите хороскопски знаци во животот.