Што ги очекува Лавовите во животот?

Лавот е изразено машки огнен знак под влијание на Сонцето кој посакува да биде авторитативен и доминантен во секоја ситуација. Тој не дозволува никаков приговор, бидејќи сите нешта кои ги прави смета дека се непогрешиви. Многу е самосвесен, но и внесен во себеси. Потребата за истакнување за родените во овој знак често иде толку далеку што тие можат да станат вистински тирани. Сакаат сѐ и во љубовта и во семејството. Во своето постојано барање, се докажува дека тие понекогаш можат да бидат дури и многу досадни. Се однесуваат фино со своите блиски и познаници, но секогаш сакаат да истакнат дека вистинска среќа за луѓето е да поминат време со нив.

Лавовите се полни со волја и енергија, но и многу амбиции. Тие никогаш не отстапуваат од своите идеи, и така стануваат креаторите, мислители, политичари и доаѓаат на многу моќни позиции.

Сакаат церемонии, излегувања, домашни забави со голем број гости, на кои сакаат да ги покажат своите успеси, но и идеи. Многу бараат од животот и мислат дека тоа е природно. Успеваат да ги пребродат сите сплетки и храбро се искачуваат на општествените скалила во текот на својот живот. Имаат огромна одговорност за своето семејство и уживаат кога тие им се обраќаат за совет. Конзервативни се и често со старомоден вкус.

Околу себе го навлекуваат сиот можен комфор, а ако не се во можност тоа да го остварат, се обидуваат да создадат слика на лажен сјај и уживаат во тоа. Ги презираат сите примитивни и спонтани нешта и секогаш сакаат да ги организираат и испланираат добро сите работи, од сите можности страни. Кога ќе се најдат во таква ситуација, секогаш се спектакуларни и мислат дека се во својот елемент. Не сакаат да се појавуваат пред светот ако нивниот изглед од било која причина не е на нивото кое им одговора, или кое се очекува од нив.

Квалитети на лавовите се племенитоста, благоста и достоинството, а маани: дрскоста, преправањето и желбата за големина.

Најчесто имаат проблеми со срцето и очите, а многу често се случува да паднат и во некое мистично лудило.

На луѓето родени во овој знак им се нудат многу можности за успех на професионално ниво. Притоа, тие се окружени со разни луѓе. Покрај оние лојални и предадени луѓе, тие се подготвени со својот шарм да најдат луѓе и да се дружат со оние кои можеби би им биле од корист. Сепак, својот напредок во кариерата го постигнуваат исклучиво со сопствен труд и работа. Ги очекува огромен успех при работа со деца, односно млади и тоа е работа во која многу умешно би можеле да се пронајдат. Тоа е така бидејќи имаат голема способност да ги разберат другите. Покрај ова, им одговара работа во војската, правото, па дури и тетарот. За нив, како и да не постои работа која не им одговара бидејќи обожаваат да работат.

Среќни броеви им се 1,2 и 9, додека пак среќни денови: вторник и сабота.

Тука проверете што ги очекува останатите хороскопски знаци во животот.