Што ги очекува Девиците во животот?

Со овој знак владее Меркур со помошта од Сатурн.

Родените во овој знак се луѓе кои се методични, мирни и способни за многу работи каде е потребна некаква организација. Не поднесуваат никаква грубост и избегнуваат нагли промени или непромислени акции. Тие се многу дисциплинирани и внимателни во своите ставови и се придружуваат на начелата дека само со добра работа  може да се постигне успех. Со недоверба гледаат кон сите работи, но храбро чекорат кон животниот пат кој ќе го изберат. Ако е потребно, тие им помагаат на другите со голема резерва, бидејќи се плашат од тоа што самите не го испланирале или предвиделе.

Во текот на својот живот, тие се многу вешти на работа, бидејќи располагаат со натпросечна интелигенција. Својата голема способност за изразување и делување на масата знаат да ја искористат за свои цели и тогаш можат да станат злобни и превртливи. Иако покажуваат силна смисла  за организација, сепак тоа што им недостасува е креативноста и фантазијата. Повеќе им одговараат чисто репродуктивни активности.

Девиците се грижливи за секоја работа , која ја планираат до детали, така што секогаш се сигурни во себе. Трпеливи се и доследни и тоа го сметаат за најважна карактеристика. Често стануваат жртви на таквите особини.

Постојано прават бизниси со своето срце и вистински мајстори се за манипулација со пари. Не трпат никакво претерано трошење на пари, но сепак на парите не им придаваат преголемо значење. Тие се вистински робови во трка со времето и не дозволуваат било кој да има влијание на нив. Секогаш се свесни за себе и своите задачи.

Квалитети им се хуманоста и точноста, а маани ситничарството, немањето храброст и аморалноста. Постојаната работа и беспрекорна организираност со секое избегнување на ризици е главната мисла на родените во овој знак.

Ним никогаш не им е тешко да најдат работа, бидејќи нивниот талент за логично размислување  и остра проникливост приронесува лесно да одберат поволна прилика. Тие немаат доверба за нови идеи и проекти, кои во себе имаат некаков ризик, а најдобро работат кога се водени од друга личности бидејќи така нивните способности најдобро доаѓаат до израз.

Можат да постигнат најмногу успех во издаваштво, воспитување и образование. Но, вистинскиот успех го доживуваат на стари години, и тоа благодарение на нивниот талент да ги проучуваат луѓето. Тие точно знаат кој може, а кој не може да им помогне.

Луѓето родени во овој знак имаат среќа со броевите :4,5 и 8 а нивни среќни денови се сабота, недела и вторник.