Што е тоа што за тебе денес беше поважно од љубовта?

Кое е твоето денешно златно теле?
Што е тоа што го опседнува твоето внимание и фантазија?
Што е тоа што очекуваш да те исполни и направи среќен/а?
Што е тоа што си замислил/а дека е поважно од љубовта, од инспирацијата, од внатрешниот глас, од твојата вистина?
Тоа е твојата замислена ментална конструкција, без оглед на нејзината содржина.
И секогаш изгледа толку реална, важна и примамлива.
Но, не е.
И ќе се ослободиш од неа, ќе доживеаш хармонија кога ќе препознаеш дека не е и кога одново ќе се фокусираш на сопствената вистина, на фактот дека животот тече на неверојатни магични начини, кога одново ќе се фокусираш на безусловната љубов која ја носиш во себе и ќе препознаеш дека сѐ што си имал/а во себе, сѐ уште е тука.
Само тоа може да биде на прво место, сѐ останато е секундарно.
И сѐ останато ќе се нареди само од себе.