Што е препотентноста?

Поимот „препотентност“ се воспостави и во секојдневната комуникација, речиси и нема личност која не го коисти. Сепак и понатаму има луѓе кои не се сигурни во значењето на овој збор.

Етимолошки гледано, изразот препотентност произлегува од латинскиот јазик и значи надмоќ и самоволие. Често се употребува и во значењето на повисока сила, повисока власт или поголема способност. Навидум, зборот означува нешто добро и позитивно.

Меѓутоа, ако за некоја личност кажеме дека е препотентна, тоа значи дека тој човек е полн со себе, односно дека е уверен дека поседува вредности (кои можеби и ги нема) кои го прават подобар и повреден од останатите луѓе. Станува збор за вообразени и арогантни луѓе.

Во психологијата на препотентноста се гледа како комплекс на повисока вредност, каде што личноста има лажна и самозалажувачка слика за себе поради која мисли дека има квалитети кои ги нема (харизма, памет, убавина, талент...)

Претпотентноста во суштина е пренагласена надменост, вообразеност на личноста и овие личност најчесто се непривлечни за другите луѓе, затоа што без причина го „креваат носот“. Овие луѓе се сметаат за иритантни и непожелни и другите луѓе најчесто ги избегнуваат.