Што е потребно за да доживеете длабока старост?

Експертите наоѓаат се повеќе докази дека не е тешко да се доживее и 100-та година, но тоа во пракса им успева само на некои. Покрај здравите навики мора да имате и одредени гени за долговечност.

На поголемиот дел луѓе целта им е да „стигнат“ до 80-та. На прашањето колку би сакале да живеете, 60% одговориле дека се задоволни доколку ја доживеат 80-та година, 30% планираат да го доживеат и 120-от роденден, а 10% би сакал да ја доживее и 150-та година. Помалку од еден отсто изјвиле дека би сакале да живеат вечно.

Резултатите од студијата за стареење изработена во Балтимор, која опфатила 3.000 луѓе во дваесеттите и деведесеттите години, покажала дека луѓето стареат на различни начини и дека кога ќе наполнат 80 или 90 години, датумот на раќање воопшто не е битен. Сигурно е дека секој ден сте се постари, но брзината со која стареете може да биде различна.

Со стареењето не може да се управува, но со брзината на стареењето може и тоа значително повеќе од тоа што мислиме.

1. БИДЕТЕ ПОЗИТИВНИ Личностите кои изгледаат младо за своите години всушност сакаат и да живеат подолго. Ако се трудите да изгледате помладо и така се однесувате, тоа може да ви помогне да останете млади. Постарите личности со позитивно размислување за стареењто живеат подолго во просек од 7, 5 години.

2. ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ БИТНИ Запрашајте се дали постои личност која без проблем би можеле да ја повикате во два часот наутро и да и кажете што ве мачи. Доколку постои најверојатно ќе живеете подолго од некој кој нема таков пријател.

3. НАМАЛЕТЕ ГИ ЈАГЛЕНО ХИДРАТИТЕ Доколку сакате да живеете долго и квалитетно исфрлете ги од вашето мени благите работи, компирот, оризот, лебот и тестенините.

4. САКАЈТЕ И БИДЕТЕ САКАНИ Карактеристиката која е поврзана со субјективно добрата состојба во осмата деценија, според ова истражување,  способност е  да сакате некого и некој да ве сака вас.

5. ПОМОШ Резултатите од ова истражување покажуваат дека оние кои некогаш помогнале на пријателите и соседите, го советувале и се грижеле за нив доживеале длабока старост.

6. БИДЕТЕ СОВЕСНИ Совесноста е карактеристика која често се поврзува за долг и здрав живот, а стручњаците сметаат дека е најдобар показател за долговечноста. Истражувањето покажало дека по срчев удар , совесните луѓе имаат подобри шанси за опоравување бидејќи посериозно го сватиле земањето на лекарства.

7. СРЕЌА Дури и оние активности кои ве прават несреќни можете да ги свртете во своја корист и да ги засакате, бидејќи тие ве прават „Здрави“, „Подобри“ и „Успешни“. Личностите кои сакаат да бидат посреќни, експертите советуваат  – Да го поминуваат времето со пријателите ; – Помалку да гледаат телевизија; – Да го покачат нивото на физички активности и повеќе да шетаат; – Да ги прифатат новите предизвици како би останале свежи и активни.

8. СМЕЕЊЕ Смејте се многу, бидете среќни и оптимистични. Смеењето го намалува притисокот и ги покачува мускулните способности.

9. ВИНО ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ Научниците од Харвард сметаат дека во виното се крие тајната на долгиот живот бидејќи тоа ја содржи супстанцата расвератрол која во висока концентрација се наоѓа во грозјето, кикириките и оревите. Оваа супстанца може да го активира протеинот сиртуин, кој ја има клучната улога во процесот на стареењето. Тој контролира кои гени треба да останат потиснати, а кои не, додека старееме. Сиртуинот ги обновува оштетените ДНК кои се „трошат“ како старееме.