Што е ментално здравје?

Добро ментално здравје значи чувство за добросостојба, самодоверба и самопочит. Ни овозможува да уживаме во целост и да ги почитуваме другите луѓе, секојдневието и средината. Доброто ментално здравје нам ни овозможува:

  • Да формираме исполнувачки врски
  • Да ги употребуваме способностите и потенцијалите
  • Да се справуваме со животните предизвици

 

Што може да го подобри нашето ментално здравје?

Неколку совети за унапредување на менталното здравје:

  • Зборувајте или изразете ги своите чувства
  • Вежбајте редовно
  • Јадете здрава храна
  • Спијте доволно
  • Поминувајте време со ближните и саканите
  • Развијте нови вештини
  • Одмарајте и уживајте во вашето хоби
  • Поставувајте реални цели
  • Зборувајте со професионалци за ментално здравје

Што е ментална болест?

Менталната болест е здравствен проблем кој го афектира мислењето, однесувањето, расположението и интеракциите со другите луѓе. Се дијагностицира според стандардизирани критериуми.

Менталните здравствени потешкотии исто така влијае врз мислите, чувствата и однесувањето, но во помала мера од менталната болест.

Менталните болести се разликуваат според видот и степенот на сериозност. Некои од главините видови се:

  • Анксиозност
  • Шизофренија
  • Биполарно растројство
  • Растројства на личноста
  • Нарушувања на исхраната
  • Депресија

Овие болести, може исто така да бидат наведени како ментално растројство, ментално оштетување или психијатриска неспособност.

Што ги предизвикува менталните болести?

Менталните болести се резултат на комплексна интеракција меѓу умот, телото и средината. Факторите кои доведуваат до ментална болест се:

  • Долготраен и акутен стрес
  • Биолошки фактори како генетика, хормони, хемиски процеси
  • Употреба на алкохол, дрога и други супстанци
  • Когнитивни шеми како постојани негативни мисли и ниска самодоверба
  • Социјални фактори како изолација, финансиски проблеми, распад на семејството или насилство

Важно во однос на овие фактори е дека нивното влијание може да се минмализира со помош на силна поддршка од средината.