Што е амбиваленција и зошто е важна?

Во психоанализата, терминот амбиваленција се користи да се опише истовремено постоење на контрадикторни чувства кон истата работа (човек, предмет, односи...).

Терминот во вовел Влојлер, а Фројд го користи овој термин во најширока смисла, односно за да означи присуство на спротиставени импулси со ист интензитет кои се јавуваат кај една личност.

Најчесто тоа е борбата помеѓу љубовта и омразата, која често се јавува кај опсесивната невротичност и меланхолијата.

Амбивалентноста и неразмислувањето

Овој механизам често го користат адолесцентите, особено во денешно време. Неразмислување не е исто што и поттиснување.

Личноста е свесна за двете страни на своите амбивалентни чувства, но кога тие ќе станат конфликтни, проблем го решава со тоа што го усмерува својот ум на некоја трета страна (слушање музика, седење на компјутер...), со очекувањето дека некои работи самите ќе се решат.

Најчесто тој механизам се однесува во однос на обврските, така што адолесцентот не ја негира важноста и вредноста на училиштето, прифаќа дека му е потребно и дека сака успех, но кога треба да учи, тогаш не може ништо да го натера. И овој конфликт го решава со тоа што не размислува на него.

За разлика од поттиснувањето кое е одлика на некои луѓе и едноставно несвесно ги поттиснуваат чувствата, кога се работи за неразмислување, тие свесни  за тоа, не се девалвира ниту една страна, не се негира, туку едноставно кога доаѓа моментот да се определи, донесе и спроведе одлуката, личноста одбира на размислува на тоа.

Умот се окупира со нешто трето и така се избегнува непријатноста на конфликтот. Обично тоа се изразува со реченици како „Остави го сега тоа, не можам да размислувам на тоа“, кои се уклучуваат во ситуации кога нешто треба да се спроведе на дело.

Амбиваленцијата е и на некој начин отпор кон промените кои бараат напор и труд. Тие луѓе знаат дека треба нешто да променат и дека тоа би било добро, но тоа е напорно и едноставно не можат да се натераат себеси да го направат тоа.

Во суштина, основата на користење на тој механизам е внатрешното барање дека животот и се во него мора да биде удобно и лесно.

Најчесто тој механизам го развиваат презаштитените деца околу кои родителите се вртат како да се центар на гравитација и ги гушат со својата грижа.

Амбивалентност кон самите себе

Луѓето не се амбивалентни само кон другите, туку и кон самите себе. Амбивалентноста кон самите себе најчесто доаѓа до израз во психотерапијата.

Исто така, секојдневно среќаваме луѓе кои се незадоволни со одредени аспекти од својот живот, но не можат да ги променат или не можат да се одлучат да ги променат.

Тие промени се однесуваат на работи како откажување цигари, раскинување на врска, лоши навики, доаѓање на време и завршување на обврските без да се доцни.

Амбивалентност – тема за размислување

Размислете за тоа дали постојат области во вашиот живот во кои сте неодлучни и каде лесно можете да ја забележите амбивалентноста.

Ако постојат, кои се тие?

Дали се обидувате да промените нешто во животот, да направите промени за кои верувате дека ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот?

Дали нешто ве кочи при спроведувањето на тие промени? Што е тоа што ве кочи?

Што не ви дозволува да ги спроведете на дело саканите промени?