Многу често се случува додека трчаме или шетаме да налетаме на изгубено куче или куче скитник. Некои од тие кучиња имаат непредвидливо однесување и знаат да бидат агресивни или непријателски настроени и постојат големи шанси да ве нападнат.

Со цел да се заштитите себеси доколку некогаш се најдете во таква немила ситуација, денес ви даваме неколку совети кои навистина можат да ви бидат корисни и кои треба да ги запаметите.

Не паничете!

Широко е распространето верувањето дека кучињата и другите животни можат да го почувствуваат стравот кај човекот. Сепак, разбирливо е дека тешко може човек да остане мирен кога агресивно куче ‘рже и ви лае. Но, ако врискате, мавтате со рацете или почнете да бегате, можете да го поттикнете предаторскиот инстинкт кај кучето и така да го испровоцирате да ве нападне.

Забавете го вашето трчање и почнете да одите!

Ако случајно сретнете куче додека трчете, полека забавете додека не почнете да одите. Завртете се и почнете да одите во спротивна насока од кучето, но сепак внимавајте на него со крајот на окото. Уште подобро, ако застанете комплетно мирни со рацете залепени за телото, кучето ќе изгуби интерес и ќе си отиде.

Не го гледајте кучето директно во очи!

Директното гледање во очи може да го поттикне агресивното однесување на кучето. Зјапањето во кучето може да биде интерпретирано како закана и да биде причина за напад. Нека ви биде кучето во видното поле, но избегнувајте директно да го гледате во очи. Тоа ќе му даде сигнал на кучето дека вие не сте закана и најверојатно ќе се заврти и ќе си отиде.

Одземете му го вниманието со друг предмет!

Било кој предмет може да помогне. Дајте му нешто да гризе, како на пример чевла, шише или ранец. Ова ќе му го одземе вниманието и ќе ви даде време и простор да избегате.

Заповедајте му да се повлече!

Ако и покрај ова кучето се однесува агресивно, соочете се со него, избегнувајќи директен контакт со очите и заповедајте му да си оди. Осигурајте се дека го правите тоа со силен и самоуверен глас, а не со висок и пискав глас. Најефективни заповеди се „НЕ“ и „ОДИ СИ“ со силен и цврст тон. Кучето ќе се исплаши и ќе си отиде.