Што да пиете за да спречите кардиоваскуларни заболувања?

Досегашните истражувања покажале дека ѓумбирот ја поттикнува работата на дигестивниот систем, ги ублажува симптомите на астма, како и болките и добар е за превенција од болести на кардиоваскуларниот систем.

Чајот од ѓумбир е делотворен и во борбата против главоболка, грип и настинка. Одличен е и за ублажување болки и напнатост во мускулите, пишува HealthyLivingStyle.

Секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зајакне имунолошкиот систем, а се благодарение на високиот удел на антиоксиданси кои му помагаат на телото да се одбрани од инфекции.

Само една шолја чај од ѓумбир дневно може да го намали ризикот од срцев удар.

Овој чај ја подобрува и циркулацијата во крвта. Подобра циркулација значи и подобар доток на витамини, минерали и кислород во секоја клетка од вашето тело.

Чајот од ѓумбир учествува и во уништување на вируси кои предизвикуваат настинка и грип.

Со честа консумација на овој чај ќе поттикнете елиминација на токсините од телото, процес на чистење на црниот дроб и ќе ја подобрите неговата работа.