Што да направите ако изгорите на сонце?

Голем дел од нас едвај го чекаат сонцето и одењето на плажа, но доколку не внимаваме, шансите да изгориме се многу големи. Се чини како тоа одеднаш да се случува, а потоа освен црвенилото на кожата, настанува вистински пекол.

Но, што можеме да направиме во таква ситуација?

Прво, испијте голема чаша студена вода. Водата која обезбедува најдобра хидратација одвнатре е одличен лек за брзо справување со црвената и иритирана кожа, но и внатрешните симптоми кои ги предизвикува сонцето на нашиот организам.

Второ, натопете крпа или пешкир со студена вода, исцедете го и ставете го на критичните места кои се изгорени од сонцето.

Како трет чекор, направете млака купка со неколку капки масло од камилица. Тоа е пријатно за кожата и ќе помогне во нејзиното смирување.

Потоа, во калапчиња за лед ставете малку гел од алое вера, замрзнете го а потоа коцките ставете ги директно на изгорената кожа.

Освен тоа, може да помогне и студениот јогурт или кисело млеко.

Доколку чувствувате топлина и на очите и главоболка, натопете кесички чај од камилица или нане во топла вода, а потоа оладени ставете ги на очите. Можете да ставите и кругчиња краставица.

Краставицата можете да ја ставите во блендер и смесата да ја ставите на изгорените места.

Доколку имате витамин Е можете да го нанесувате откако ќе се справите со првичните симптоми. Негувајте ја изгорената кожа и со кокосово масло.