Што би требало секоја жена да знае?

Можеби сѐ уште не знаеме што сѐ сакаат жените, но дефинитивно знаеме што сѐ може и треба да знае, но и да има една жена.

Секоја жена треба да има доволни пари за да си изнајми стан за себе. Дури и ако никогаш не ѝ биде потребно тоа.

Секоја жена треба да има нешто совршено за да облече, заради себе, а не за другите.

Секоја жена треба да има младост која со задоволство ја остава зад себе и која со задоволство ќе им ја прераскажува на своите внуци.

Да има сѐ, од алати за поправање низ дома, до црн чипкаст градник.

Еден пријател кој ќе ја засмејува, друг кој ќе ја теши додека плаче.

Сет од чаши за вино и еден куп рецепти поради кои нејзините јадења ќе бидат највкусни.

Да има чувство дека ја има моќта да управува со својот живот.

Секоја жена треба да знае како да се заљуби, а притоа да не се изгуби себеси во процесот.

Секоја жена треба да знае кога да раскине и кога да даде отказ.

Треба да знае како да се соочи со проблемите кои ги има со пријателите, без да го уништи пријателството.

Треба да знае кога треба повеќе да се труди, а кога е време за откажување.

Треба да биде задоволна од своите родители и својата фигура, затоа што само едно е сигурно: Никогаш нема да ги промени, колку и да се труди.

Треба да знае дека нејзиното детство можеби не било совршено, но е завршено.

Треба да знае дека може да живее сама, дури и ако не ѝ се допаѓа тоа.

Треба да знае што може да направи за љубов, а што никогаш не би направила.

Треба да знае кому да верува, а кому не, кога да ги сфаќа работите лично, а кога едноставно да ги игнорира.

Треба да знае кога треба да замине, а кога да се врати, но и каде да побара утеха кога нејзината душа бара мир. Можеби тоа е во куќата на нејзините пријатели, можеби тоа е во самотијата во некоја дрвена колиба во шума.

Но, на крајот, секоја жена треба да знае што може, а што не може да постигне во еден ден, месец и година.