Љубов и секс
10. August 2016 - 0:15

Што ако ти кажам дека те сакам?

Што ако ти кажам сѐ што кријам во себе?

Ако те погледнам во очи и ти кажев за секоја моја несигурност, кога сум околу тебе. Или како едноставно се чувствувам дека не сум најдобрата верзија за тебе. Бидејќи навистина не сум. 

Што ако ти кажам за сите мои грешки? За секоја мала и голема грешка која ја имам направено во животот, за луѓето кои ги имам повредено, за нештата кои не можам да ги избришам и да ги вратам назад? Ако ти го кажам тоа, тоа значи дека си најважната личност на светот за мене. 

Што ако ти кажам за сите глупави нешта кои ги имам направено? Дали ќе ме гледаш поинаку? Дали ќе се сомневаш во мене? Дали ќе се покаеш што си тука до мене?

Што ако ти кажам дека никого немам сакано толку? Дали ќе се исплашиш? Дали ќе погледнеш накај вратата сакајќи да си одиш? Бидејќи навистина немам никого сакано толку. Јас немам ни што да изгубам. Никогаш немам ни помислено на ваква љубов -  на силата и интензитетот. Сега кога си околу мене, се плашам дека ќе те изгубам.

Што ако ти кажам дека понекогаш ме фаќа лудило? Понекогаш не знам каде сум, понекогаш сакам да избегам од се и да го видам светот, а некогаш сакам да уживам во самотијата, со спуштени ролетни. Што ако ти кажам дека не сум најсовршената личност на светот?

Што ако ти кажам дека имам повредено некого претходно? Ќе се плашиш ли од мене? 

Што ако ти кажам дека те сакам?

Дали и ти ќе ми го кажеш истото? Дали е прерано? Дали ќе мислиш дека ова е грешка? 

Ти си најважното нешто во мојот живот. За мене ова е мојата бајка.