Што ако сепак заслужуваш подобро?

Дали често ви се случува да добиете некаква магловита слика во главата за нешто прекрасно што според вас е нереално? Постојат ли некои работи кои ги сакате, но постојано ве промашуваат? А некој друг го добива тоа што вие го сакате? Во таа игра постои еден потсвесен дел од вас кој учествува во оваа игра. 

Можеби имате некое верување длабоко вкоренето во себе дека добрите работи не ви се достапни и дека не ги заслужувате. Луѓето често се тврдоглави и често можеме да поминеме цел живот докажувајќи си сами на себе дека тоа верување е вистинито, потврдувајќи си сами на себе некои самодекларирани вистини, отфрлајќи сѐ што нѐ води поблиску до целта. 

Но, што ако тоа уверување не е точно? Дека не заслужувате подобро.

Што ако сепак заслужувате подобро?

Едноставно е. Кога ќе почнете да барате решение, ќе сфатите дека сѐ лежи во вашата душа!

Најдобро е добро да провериме дали она во кое веруваме прави самите себе да се блокираме во остварување на она што го сакаме. Ако тоа сепак не се оствари, а ние знаеме дека веруваме дека го заслужуваме тоа, тогаш тоа е океј, бидејќи сигурно постои некаква причина затоа што не сме го добиле тоа што го сакаме. Но, ако постојано спиеме и не се трудиме околу ништо, тогаш време е да си ги преиспитаме своите уверувања.