A што ако новата врата не сака да ви се отвори сѐ додека не ја затворите старата врата?

А што ако Животот чека вие да го направите првиот чекор? Да соберете сила и да донесете одлука конечно да продолжите понатаму?

Што ако дури тогаш ви се отворат новите видици кои од оваа, моментална, позиција остануваат невидливи?

Што ако вие сте тие кои треба да помрднат нешто за да променат нешто?

Што ако...?

Дали тогаш полесно би тргнале кон нови предизвици?

Дали похрабро би го затвориле тоа старо поглавје кое толку долго ве мачи?

Дали би биле помирни, порадосни, поопуштени, затоа што знаете дека дури откако ќе се осмелите да тргнете напред со целосна верба, ќе може да дојде до нешто подобро?

Што ако дури тогаш ќе ви се врати сета доверба која сте му ја дале на животот? Што ако дури тогаш животот ќе ја награди вашата храброст со огномет од прекрасни чувства?

И она прекрасно чувство дека ја правите вистинската работа!

Што ако вашиот живот чека само еден знак од вас?

Дали и натаму ќе одолговлекувате пред целосно да му се препуштите? Колку долго?