Што ако дознаете дека никогаш нема да ја најдете љубовта на вашиот живот?

„Што ако можевте да ѕирнете во магична топка баш сега во моментов и видите најнедвосмислено дека никогаш нема да ја најдете љубовта на својата душа?“

Знам дека ова е многу тажна работа за размислување. Сигурно некое време сте размислувале да ја запознаете љубовта на мојот живот или барем некој пристоен со кој ќе можете да го поминте остатокот од животот. Знам, знам. Вие не сте ко другите. Вие не верувате во сродни души. Но, сепак сте очекувале да сретнете некој што ќе ви се допаѓа. Некој со кого ќе си легнете на крајот од денот, кој ќе се грижи за вас кога сте болни и кои ќе ги слуша вашите приказни. Сите се надевамеме на тоа, затоа што сме луѓе. Еве во што е финтата со наоѓање љубов – постојано влијае на нас. И не сакаме да го признаеме тоа.

Но, љубовта е поттикот за сите нашите дејства, дури и кога таа не е поттик во нашиот ум. Таа е причината поради која ги купивте новите фармерки. Таа е причината затоа што отидовте на забавата, иако не сакавте да одите. Таа е причината поради која се чувствувате несигурни и неадекватни и исплашени за се што следува. Љубовта е она што ги инспирира нашите најголеми промени. Па затоа, ако знаевте дека таа љубов никогаш нема да биде ваш, дали различно би го живееле вашиот живот? Дали би си ја промениле дневната рутина? Што ќе се случи со вашите долгорочни планови?

Можеби вашиот прв инстинктивен одговор би бил „Ништо“. После се, вие сте паметна личност. Вие имате планови кои не вклучуваат влијание од други луѓе. Сите имаме. Но, размислете малку повеќе. Затоа што треба да си признаеме една работа во врска со љубовта. Сите ја сакаме идејата дека некој ден, некој ќе не сака со сите маани и тоа обично е изговор да не работиме на нив. Принципот дека две половина прават целина не спречува да станеме подобра. Не сакаме некој да се појави во нашите најтемни моменти и да не спаси, но што ако знаеме дека никогаш нема да го направат тоа? Тогаш би почнале се да правиме различно.

Ако со сигурност знаевте дека љубовта никогаш нема да биде опција за вас, што ќе се случи? Како ќе го структурирате целиот ваш живот? Дали повеќе ќе се фокусиравте на кариера и успех? Или повеќе ќе вложувавте во себе – повеќе одмори, повеќе патувања? Што ако знаевте дека никогаш повторно нема да ја почувствувате возбудата на романтиката? Што ќе правевте за да ја замените таа возбуда? И што со другите ваши врски? Дали тие одеднаш ќе добијат поголема тежина? Дали ќе поминувате повеќе време ценејќи го вашето семејство, ако знаевте дека тие се луѓето кои до крајот на животот највеќе ќе ве сакаат?

Што со вашите пријателства? Дали би ги негувале пријателствата и дали би се грижеле повеќе за луѓето кои платонски ве сакаат кога би знаеле дека никој нема да ве сака романтично? Дали ќе се појавувате почесто, дали повеќе би го споделувале вашиот живот?

Јас верувам дека доколку дознаеме дека нема да најдеме живот, тоа драстично би го променило нашиот живот. Она што би сметале дека е уништувачко, всушност ќе биде ослободувачко. Без стравот дека ќе останеме сами, нашите можности би биле бескрајни. Би живееле на повеќе континтенти, би биле поуспешни во работата. Можеби би се запишале на друг факултет и ќе се стекнете со диплома за нешто за коешто отсекогаш сте биле заинтересирани, без да се грижите за финансиските тешкотии.

Затоа што ако не моравме да ја бараме љубовта на нашиот живот, конечно би биле слободни да сфатиме дека можеме самите да си бидеме љубовта на нашиот живот. Можеби ќе почнеме да се развиеме сами со себе и да станеме подобри луѓе. Можеме да станеме се она за коешто сме сонувале.

Ако има една работа која треба да престанеме да ја правиме, тоа е да чекаме некој друг да се појави и да ни ги промени животите. Едноставно бидете личноста којашто сте ја чекале. Затоа што само една работа е сосема сигурна: вие самите ќе бидете присутни при секој трифумф, секој пораз, секој страв и секоја добивка којашто ќе ја искусите. Вие сте личноста која ќе се појави за да прими награди. Вие сте личноста којашто ќе ја држи вашата рака кога ќе бидете скршени. Вие ќе бидете личноста којашто ќе се крене самата себе кога ќе паднете.

Мораме да почнеме да си го цениме она што си го носиме во сопствениот живот. Затоа што иронијата е во тоа што сме најпривлечни кога не се грижиме за тоа кого ќе привлечеме. Кога го живееме нашиот живот уверено, слободно и без ограничувања, тогаш даваме енергија која не може да се излаже.  Таа енергија е способна да го промени не само вашиот живот, туку и на оние околу вас. Престанете да ги барате Вистинските и станете Вистинските. И дозволете останатите да ве бараат вас.

Share on Pinterest