Штетата 2,2 милиони денари: Продавач не издавал сметки на купувачи, а потоа ги бришел во компјутерот

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.

Пријавениот, велат од полицијата, од 21 септември 2016 година до 5 октомври годинава, како продавач во „Фуд мастер“ ДОО Скопје, континуирано во повеќе наврати, откако, при продажба ќе го евидентирал производот во компјутерската програма, не издавал фискална сметка за продадениот производ на купувачот, а потоа, го бришел внесениот артикал, и внесувал артикал со значително помала вредност, за којшто издавал фискална сметка или, воопшто не издавал фискална сметка, со што причинил материјална штета од 2.215.271. денари на  „Фуд Мастер“ ДОО Скопје.