Шпаркасе банка демантира вклученост на вработени во пријавениот инцидент

Во врска со објавената информација во дел од медиумите, попладнево стигна соопштението од Шпаркасе Банка во кое тие демантираат вклученост на некој од вработени во инцидентот за кој што пред неколку денови информираше полиција. 

До сега немаме индикации и сознанија за вклученост на вработени лица од Банката во пријавените инциденти. Покрај постапката која ја водат надлежните органи, случајот се истражува и од страна на секторот за внатрешна ревизија на Банката. Клиентите се на прво место и ги преземаме сите активности во насока на ефикасно разрешување на пријавените инциденти, се вели во соопштението.

Ја разбираме Вашата потреба за подетално да ја информирате јавноста, меѓутоа, приоритетен интерес на Банката е да ги заштити интересите на клиентите и да овозможи истрагата за објавените инциденти во сефовското работење да се одвива непречено, професионално и ефикасно. Од тие причини, во овој момент не можеме да Ви дадеме подетални информации за погоре споменатиот настан, додаваат тие.