Шопинг треска во Скопје - целосна ликвидација, попуст и до 80%

Шопинг  треска во овој период од годината го зафати и Скопје.  Крај на зимската сезона и почеток на пролетната.

Гужва турканици, колони возила пред  големите шопинг молови во градот. 

Сите продавници ги нудат своите производи по екстремно ниски цени, а купувачите ги полнат продавниците и трговските центри.

Кога ќе се појави на пазарот некој производ или нови колекција облека, најчесто не можеме да си ја дозволиме заради превисоките цени кои се далеку над нашиот стандард. Затоа и толку се радуваме на оние сезонски попусти.

Потрошувачите во овој период од годината можат да купат парче производ  по невообичаено  ниска цена.

Во шопинг моловите попустите се од 20 па дури до 80 отсто, исто како и во другите метрополи.