Шопинг на рати во Македонија

Банките во Македонија на своите клинети им даваат голем број поволности.

За некои луѓе купувањето на поскап, брендиран производ не е возможно, особено да го платат во готово, па често за да дојдат до него, ги користат картичките, и го отплаќаат на неколку месечни рати. 

Семејните месечни буџети се ограничени поради ниските плати и воопшто нискиот стандард на македонското население, па тоа ја наведуваат и како главна причина.

Банките им овозможуваат на граѓаните да купат производ, а притоа да не се почувствува притисокот врз буџетот, со картички без камати на рати или, пак, со склучување договори со одредени продавници за одобрување кредит и отплаќање на рати.

Податоците од банките покажуваат дека ретко кој нема кредитна картичка и кој не е задолжен. Македонските банки нудат повеќе услуги што можат да им помогнат на граѓаните да заштедат или барем да не почувствуваат притисок врз семејниот буџет при купување одредени производи и услуги