Шкорпија : Хороскоп за јули 2017

 Работа

На почетокот на јули може да се случи да изостане поддршката која ја очекувате во врска со еден многу важен проект, а пред се тоа се однесува на финансиската поддршка. Вашиот владетел Марс прави опозиција со Плутон, што исто така може да доведе до прекинување на едно професионално партнерство. Некои планови ќе бидат значајно нарушени и ќе морате да се менувате или прилагодувате. Во текот на овој месец избегнувајте поголеми финансиски трансакции и инвестиции.

Соработката со странство нема да се одвива најдобро до 10-ти јули, а тоа е период кога не се препорачуваат професионални патувања за родените во овој знак. Во периодот меѓу 06-ти и 26-ти јули Меркур минува низ вашето поле на работа и кариера и тоа низ знакот Лав. Тоа ќе ви донесе успех во работите поврзани со комуникации, информации, рекламирање, графички дизајн и естрада. Ќе умеете да се пробиете во прв план и да го привлечете вниманието на клиентите или јавноста со својот настап. Тоа особено ќе ви помогне ако сте професионален продавач.

Салдото на вашата сметка ќе можете да го подобрите во периодот по 14-ти јули. Ќе имате добро осмислен и организиран инвестициски план.

Љубов

Ако сте во врска: Повеќе од вообичаено ќе сакате да разговарате со својот партнер за различни теми од забавен карактер, но така ќе ги откриете и подлабоко своите заеднички интереси. Двајцата ќе уживате во таквите разговори кои ќе бидат прилично опуштени, но и кои ќе овозможат подобрување на емоционалниот однос. Така ќе дознаете и нешто повеќе за потребите и очекувањата на саканата личност.

Ако сте слободни: Личноста која сакате да ја освоите и со која сакате да започнете врска ќе ви делува премногу лежерно и незаинтересирано и на почетокот ќе покаже интерес само за површна врска. Но, обидете се да ги забележите скриените сигнали кои ги испраќа. Имате големи шанси да влезете во врска, но треба мудро да одиграте.

Дел од родените во овој знак ќе идеализираат одредена личност која им се допаѓа, па можат да се разочараат кога ќе откријат дека таа личност е малку подалеку од идеалот кој го замислиле.

Здравје

Потребна ви е физичка активност, но морате да се потрудите за тоа. Ќе се соочите со пад на енергијата и постојан замор и затоа треба да минувате повеќе време надвор. Избегнувајте долго изложување на сонце, бидејќи тоа може дополнително да ве истошти. Конзумирајте храна богата со витамини. Од зеленчук највеќе ви одговара брокула, но и млад компир, грашок и морков.