Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на а по повод 100 дена мандат, рече дека е стопирана изградбата на 95 барокни фасади.

Тој додаде дека со пренамена на средствата кои беа предвидени за Скопје 2014, започнаа интензивни активности и подготовки за реконструкција на сите средни училишта, истите да добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија.

Шилегов посочи и дека во првите денови од мандатот, беше започната есенска акција за зазеленување на Скопје, во која што беа засадени 615 нови дрвја низ различни локации во градот. Акцијата за зазеленување на Скопје ќе продолжи и на пролет, кога е планирано да се засадат повеќе од 4000 садници.