Шилегов: Скопските улици се чисти и јас сум задоволен од тоа

Не се скопските улици нечисти, скопските улици се чисти, општинските улици и јас не сум задоволен колку се чисти. Главните улици и сообраќајници се надлежност за одржување на јавната хигиена во градот и навистина можам да истакнам дека сериозно е качен квалитетот на чистота на главните улици, вели Шилегов во интервју за МИА.

Тој додава дека животот на луѓето се одвива на споредните и тука затоа и повикав при промоција на нешто што досега, да кажам како квантитет, но и како квалитет и како концепт не било понудено во нашиот град, промоцијата што ја имавме и на возилата и на контејнерите.

Повикав сите општини да инвестираат сериозно во хигиената, особено хигиената на јавните простори чија надлежност ја има секој од нас индивидуално. Градот Скопје мора да предначи во таа битка за чистота на јавните површини, но општините едноставно мора да си преземат дел од своите обврски и да започнат многу посериозно да ги третираат јавните површини од тоа што досега било случај, додава тој.