Шилегов: Скопје влегува во интензивна градежна сезона

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изврши увид во градежните работи што се одвиваат на улицата „Братфорска“, при што истакна дека, Скопје влегува во интензивна градежна сезона.

– До крајот на март ќе имаме една целосно нова реконструирана улица, побезбедна за движење на возилата и пешаците, со оглед на тоа што вршиме целосна обнова на коловозот и на тротоарот, нагласи Шилегов, по повод реконструирањето на улицата „Братфордска“.

Посочи дека во претстојниот период ќе биде извршена целосна реконструкција на булеварите „Партизанска“, „Крсте Мисирков“ и „Асном“.