Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека очекува годинава да почне гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење и да се зголеми енергетската ефикасност на објектите кои се под градот Скопје.

- Едноставно тоа е борба во која веќе востановената и утврдената стратегија од моја страна како градоначалник во соработка со другите институции започнуваме да ја имплементираме и очекуваме на среден рок дека Скопје веќе нема да биде загаден град, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по предавањето на донацијата од медицински апарати за Детската болница Козле.