Шилегов: Системот ти вика седи дома, ти си тераш друштво и се шеташ

,, Системот ти вика: седи дома, не се групирајте, не излегувајте без потреба, не се собирајте повеќе од 5 луѓе на јавен простор …

Ти: се шеташ, си тераш друштво и забава, си фураш журки, “ова не е ништо”, “обична настинка е”, “мене не може да ми се случи” …

Фаќаш вирус, во болница нема место, лекарите се пребукирани, тешко дека ќе добиеш помош, оставен сам на себе и викаш: што направи системот (државата) за да се спречи ова !!!

Во меѓувреме, денес во Италија починаа 627 лица. До пред две недели, шетаа, пиеа кафиња по кафичи, се смееа, се журкаа, нив не ги фаќаше, обична настинка, само обичен грип било … Ви звучи познато, нели ?

Седете дома луѓе. Седете дома …“-порачува Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.