Шилегов: Новогодишната елка ќе светне на 6 декември, кога ќе биде отворен и Винтерленд

Новогодишната елка ќе светне на 6 декември, кога ќе биде отворен и Винтерлернд. Оваа година новогодишните куќички ќе бидат поставени на локацијата помеѓу ГТЦ и плоштад Македонија.

Програмата ќе трае 25 дена, почнувајќи од 6.12 до 31.12. На прашањето зошто во рамки на Винтерленд не се опфатени и деновите до Божиќ, Шилегов рече дека ова прашање треба да се постави до МПЦ.

– Ова прашањето треба да го упатите до МПЦ, зошто не го поместат Божиќ па да славиме како сиот свет – порача Шилегов.

Инаку, во периодот од 6 до 31 декември, секој работен ден забавата ќе почнува во 16 часот, кога на репертоарот ќе има детска програма, по што ќе следува програма за цела публика. За време на викендите програмата ќе почнува на пладне.