Шилегов на велосипед ја одбележа Европската недела на мобилност

Стотици граѓани со своите велосипеди и електрични тротинети денеска учествуваа во познатото велосипедско – пешачко дефиле по улиците на Скопје што традиционално се организира како дел од Европската недела на мобилност 2019.

Во дефилето што тргна од паркот „Ибни Пајко“ учествуваше и градоначалникот Шилегов.

Велосипедистите се движеа по улиците во центарот на градот се до целта во Градскиот парк, на Школка, и испратија силна порака за придобивките од користењето алтернативни видови транспорт.