Шилегов, Марин и Темелковски први треба да добијат „метла“

Во онлајн-анкетата што ја спроведе веб порталот Скопје Инфо на прашањето „Кој скопски Градоначалник прв треба да „добие метла“ на прво место се најде Градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на второ е Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, а на трето место е Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски. На неа гласале вкупно 1314 испитаници.

Анкетата траеше пет дена, а на неа беше понудена листа од 8 градоначалници на општини во Скопје и Петре Шилегов, Градоначалникот на Град Скопје.

Најмал број гласови на прашањето „Кој скопски градоначалник треба да „добие метла“ доби Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.