Шест заповеди на среќните жени!

Има жени со сјај во очите, жените што го сакаат животот, кои зрачат со среќа и задоволство. Сакате и вие да бидете таква жена? Следете ги овие заповеди!

Заповед бр.1: Сѐ прави со леснотија и љубов

Ако се радуваш на сѐ, ако уживаш во секој момент од твојот живот и однадвор ќе биде привлечна и посакувана за другите. Твоето добро расположение се пренесува на сите околу тебе.

Заповед бр. 2: Никому не сум должна за ништо!

Наместо едноставно да се ослободиме од работите кои не ги сакаме, се преоптоваруваме себеси, ги иритираме останатите, се претвораме во огорчени „тетки“. Прави го она што го сакаш, без да чувствуваш должност за нешто или некого.

Заповед бр.3: Мене ми е сеедно што ќе кажат луѓето за мене!

Единствено е важно што мислам јас. А за себе секогаш треба да мислиме убави работи. Ако некој има поинакво мислење – негов проблем. Силните жени бараат совршенство само во своите очи. Исправено држење, бавен од, крената брада – зарем некој ќе се посомнева дека сте божица, совршена и среќна жена? НЕ!

Заповед бр.4: Секогаш грижи се за себе!

Жените кои се преплавени со обврски понекогаш се грижат за сите освен за себе. Среќните жени знаат дека во ниту еден случај не смеат да заборават на себе и токму затоа и се среќни. Без оглед на вртлогот од обврски, не заборавајте да мечтаете, да танцувате, да се грижите за себе.

Заповед бр.5: Не му служи мажот, биди му инспирација

Среќните жени не постојат за да му служат на мажот и при тоа предвремено да остарат едно 20 години, но среќните жени ќе направат сѐ за да бидат инспирација за мажот кој го сакаат. Тие ќе го развеселуваат, ќе му бидат муза, ќе го прават среќен! Правете ја таа разлика!

Заповед бр.6: Јас постојам и тоа е доволно за среќа

Поттиснувањето на сопствената среќа, постојано чувство на грижа на совест ќе ве претвори во мрчало и намтур. Тоа не е добро. Разбудете го детето во себе, уживајте во животот, бидете благодарни што постоите – тоа самото по себе е среќа!