Шест тима на АРМ во Стајковци - се евакуираа луѓе од поплавените куќи (фото)

Шест тима на Армијата на Република Македонија во моментот се ангажирани во Стајковци каде пружаат помош во санирање на псоледиците од поплавите кои попладнево го зафатија скопскиот регион.

-Тука е најкритично со оглед на тоа дека од Скопска Црна Гора преку Булачани дојде огромна количина на вода и избиена е целата во Стајковци и Синѓелиќ, а потоа оди кон Економија и Инџиково. Тука се и од војската и полицијата, противпожарната единица приватните компании се вклучија со нивна механизација, правиме се што се може. Целта ни е да се пробие обиколницата, бидејќи таму има одрони, многу возила и донесена е механизација да се расчисти патот, изјави градоначалникот Коце Трајановски кој вчера беше во Ченто.

Според информациите, хеликоптер е во приправност да дејствува од 05:30 часот изутрина по видно време. Тим за извидување се наоѓа на правецот кон Шипковица за помош во наредниот период.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов е моментално во скопско Сингелиќ, каде има багери и градежна механизација. На терен се единици на Единица за брзо распоредување и на АРМ. Се евакуираат луѓе од поплавените куќи.