Шест главни принципи по кои секоја жена треба да се води

Сите ние се обидуваме да го живееме овој живот најдобро што знаеме и умееме. Тешките периоди и разочарувања се чисти гости во животот, а не ни се непознати ниту болката, ниту тагата.

Сепак, не е сѐ толку црно. Имајте на ум дека жиотот треба да се живее со полни гради, а за да успеете во тоа, почнете да ги следите овие принципи. Сигурно нема да ви одмогнат!

Помирете се со минатото за да не ви ја расипе сегашноста

Вашето минато не ја дефинира вашата иднина, тоа го прават вашите постапки и уверувања. 

Не е ваша работа да се грижите за мислењето на другите

Важно е колку се цените себеси и колку верувате во себеси.

Времето лечи речиси сѐ, па важно е да бидете трпеливи

Болката е минлива. „Раните“ нѐ дефинираат, тие даваат објаснување за нашиот живот и зошто сме такви какви што сме. Тие се наш предивик и нѐ поттикнуваат да бидеме посилни.

Не го споредувајте својот живот со животот на  другите жени, затоа што немате поим што се случува во нивните животи

Доколку сите би ги фрлиле нашите проблеми на едно купче и би имале можност да ги видиме проблемите на другите, веднаш би си ги собрале нашите проблеми назад.

Немојте премногу да размислувате, сосема е во ред да не ги знаете сите одговори

Понекогаш не постои одговор, не може да биде пронајден или никогаш не постоел. 

Смејте се, затоа што не ги носите сите проблеми на овој свет на вашите рамена

Насмевката може да го разубави и најтажниот ден и да го направи животот поднослив.