Ова се најпознатите мисли запишани од неповторливиот Вилијам Шекспир.

1. Слабост, твоето име е жена.

2. Кој сака е тивок. Одзвонува само празниот сад.

3. Пријателите мора да ја поднесуваат слабоста на своите пријатели.

4. Кога имаш сѐ, не гледаш ништо. Прогледуваш кога немаш ништо.

5. Не покажувај сѐ што имаш, не зборувај сѐ што знаеш.

6. Оние што зборуваат добро, не се најдобри работници.

7. Најискрени се оние солзи кои ги лееме над себеси.

8. Зборовите кои не ги кажуваме, го гушат нашето срце додека не пукне.

9. Таму кадешто сееме љубов, никнува радост.

10. Музиката е храна за љубовта.

11. Љубовта се раѓа, живее и умира во очите.

12. Ништо само по себе не е добро или лошо, туку зависи што ние мислиме за тоа.

13. Еднакво се болни оние кои премногу јадат, како и оние кои гладуваат.

14. Се е интересно онолку колку што сме љубопитни.

15. Колку очи би требало да има човекот за да ја забележи среќата која го окружува?

16. Послушајте ја својата мудрост, а не гневот во вас.

17. Нервирањето за минатите болки е најсигурен начин да се привлечат нови.

18. Нема полош знак од незнаењето.

19. И Ѓаволот може да го цитира Светото писмо за своите потреби.