Шарпланинецот е цар кој признава пријател, но не и господар (видео)

Македонија е лулката на шарпланинецот, иако тој може и се одгледува секаде во светот каде што му погодуваат климатските услови. Со сите епитети и вредности што ги поседува Шарпланинецот, се смета за национална гордост и со право е изгравиран на основната македонска парична единица – денарот.

Запознајте го Денис од Скопје млад човек, вљубеник во оваа автохтона раса.Тој е гордиот сопственик на Алпаша најдобриот Шарпланинец во светски размери.