Сезона на грип – лекарите советуваат како да се заштитите

Започнува  сезоната на грип. Сите субјекти треба да ги преземат потребните мерки, а образовните институции да преземат мерки во однос на зголемена хигиена во училиштата, дезинфекција и дезинсекција на просторот и почесто проветрување.

Министерството за здравство препорачува децата кои имаат симптоми на болест да не одат во училиште, да се лекуваат во домашни услови за да се спречи ширење на инфекција во училиштата.

Тие посочуваат дека сите ризични групи (постари лица над 60 години, хронично болните, децата од шест месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници) да се вакцинираат против грип и навреме да си го заштитат здравјето.

Се препорачува децата да внимаваат повеќе на личната хигиена, да мијат раце пред консумација на храна, по одење во тоалет, да пијат вода од соодветен сад, а не од рака. Доколку некое дете кашла, кива, има температура, не се чувствува добро, треба да се пријави на класниот раководител. Се препорачува децата да јадат здрава храна, овошје, зеленчук, витамини и да избегнуваат консумација на брза храна.