Сериозен вооружен инцидент во затворот Идризово

Две вооружени маскирани лица синојќа нешто по 21 часот пукале во воздух и се обиделе да влезат во женскиот дел во затворот во Идризово, пренесува МКД.МК. Според информациите до кои дојде Скопје Инфо гласна детонација синоќа одекнала во близина на затворот. Најверојатно станува збор за експлозивна направа, но од полицијата не ја потврдуваат оваа информација.

Директорот демантира дека се работи за обид за бегство и вели дека состојбата во затворот е под контрола. По двете лица се трага. 

Двете лица, според пријавата на во МВР се доближиле и почнале со предмети да фрлаат по прозорците. Осуденичките ги известиле чуварите кои веднаш интервенирале. 

"Точно е дека имаше пукање. Две лица од задната страна на затворот, преку нивите се обиделе да се доближат во женскиот дел на затворот. Но, чуварите веднаш интервенерале. Двете лица испукале еден куршум во воздух и никој не е повреден. По настанот двјцата побегнале. Не се работи за обид за бегство и состојбата овде во затворот е мирна„ , изјави директорот на Идризово Махмути.

Тој додава дека инцидентот е пријавен во МВР и истрагата ќе треба да покаже кој и зошто со оружје во раце се обидел да влезе во затворот и дали требало на некој осуденик или осуденичка да му се побегне во обид за бегство.