Серија земјотреси во Македонија во текот на ноќта

Серија од четири земјотреси се почуствуваа во југоисточна Македонија во периодот вчера од 23 до 24 часот. Епицентарот на земјотресите се во соседна Грција 15 до 20 километри од Дојран во областа на Кукуш.

Првиот земјотрес е почуствуван во 23 и 13 со јачина од 4 степени по рихтер кој најмногу го почуствуваа жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци и Струмица.

Во следните шест минути беа почуствувани уште два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,2 степени. Последниот земјотрес со епицентар во Кукуш е почуствуван во 24 часот со јачина од 3,6 степени.