Серија земјотреси регистираше европско - медитеранскиот сеизмолошки центар. Според информациите објавени на официјалната веб страна последниот е регистиран пред само десетина минута со јачина од 4.2 степени епицентар во Јадранското море.
На последниот потрес му претходеа серија од неколку земјотреси од кој насилниот беше на 6 минути пред 4 часот со магнитуда од 6.4 степени и 9 минути подоцна со јачина од 5.4 степени.
Според официјалните информации магнитудата на останатите потреси е околу 4 степени.
Медиумите во Албанија јавуваат дека веќе се регистирани првите штети од земјотресот, а граѓаните на Република Македонија утрово на социјалните мрежи ги споделуваат импресиите измешани со паника и немир од потресот кој ги разбуди.