Серија од 20 последователни земјотреси: Потресот стигна и до Македонија

Серија слаби земјотреси регистрирани се во јужниот дел на Бугарија во последните 24 часа, од кои најсилниот бил 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Последниот земјотрес бил регистриран ноќеска во 01 часот и 15 минути, на 15 километри југоистично од Пловдив.

Најсилниот земјотрес претходно го погодил подрачјето на Пловдив во ноќта меѓу средата и чевртокот, а според податоците на евро-медитеранскиот сеизмолошки центар потресот се почувствувал и во некои делови од Македонија.

Потоа следувале околу 20 последователни земјотреси.

Според агенцијата БТА, во земјотресите немало повредени, ниту е причинета материјална штета.