Сензорски систем во Чаршија

Град Скопје за потребите на европскиот проект „ROCK“ работи на поставување и тестирање на сензорски систем во Старата скопска чаршија кој ќе собира статистички податоци за број на посетители кои се движат на дефиниран простор,  временски престој, проток на исти/нови посетители и патека на движење.

– Поставувањето на системот е со цел анализа и оценка на јавниот простор во Старата скопска чаршија како културно- историски и мемориски дел на градот. Ова треба да помогне во идентификување на делови од чаршијата каде има потреба од интервенции со цел ревитализација и заживување како и поттикнување на економски развој во овој дел од чаршијата – информираат од Град Скопје.

Преку сензорите не се собираат лични податоци и истите се поставуваат на објектите на јавните институции кои се наоѓаат во старата чаршија.